СДСМ: Справувањето со коронавирусот е сериозен предизвик, здравствените работници беспоштедно се жртвуваат

од Берта Китинска

Справувањето со корона вирусот е сериозен предизвик, здравствените работници беспоштедно се жртвуваат, да им помогнеме со доследно почитување на препораките и задолженија од институциите, се вели во  соопштението испратено од СДСМ.

Оттаму дедаваат дека само со заеднички сили и сплотени предизвикот со корона вирусот успешно ќе го надминеме.

-Преземени се сериозни и ефикасни мерки за заштита од коронавирусот, сите здравствени институции и целиот здравствен кадар е мобилизиран, воведени се низа мерки кои ќе обезбедат спречување на ширењето на вирусот, ќе се санираат економските последици, велат од СДСМ.
Потребно е, велат од партијата, сите доследно и целосно да се придржуваме до препораките на Владата и на Министерството за здравство.

– Ги повикуваме граѓаните да не ги напуштаат своите домови доколку не мораат, да не се групираат, да внимаваат на хигиената… На тој начин ќе се заштитиме себе си и своите најблиски, ќе дадеме значаен придонес во надминување на состојбата со коронавирусот, но и ќе им помогнеме на здравствените работници кои беспоштедно се жртвуваат за здравјето на сите граѓани, стои во соопштението.

Здравствените работници се на првата борбена линија, искажуваме огромна благодарност за нивната професионалност и пожртвуваност, а наше е преку одговорно однесување и почитување на препораките да им ја олесниме работата и да им помогнеме.

Слични содржини