СДСМ: Стојкоски се жали дека Општина Ѓорче Петров нема пари, а троши 6.000 евра за чоколади и сокови!

од Берта Китинска

Во време на енергетска криза градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски парите на граѓаните ги троши на непродуктивни трошоци, вели пратеничка на СДСМ, Даниела Маркоска.

-Преку два договори Општина Ѓорче Петров потрошила 354.000 денари или речиси 6.000 евра на чоколади, кроасани, сокови и чаеви.Додека Стојкоски се жали дека општината нема пари, тој средствата од буџетот на општината ги троши на сокови, чаеви и десерти.Едноставно, со Стојкоски се врати политиката „Немаме за леб а трошиме на чоколадо“ на Зоран Ставрески кој сега ја контролира работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.Стојкоски бара помош од Владата жалејќи се на високите трошоци за електрична енергија а троши 6.000 евра на непродуктивни трошоци, појаснува Маркоска.

Слични содржини