СДСМ: Токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа кандидатурата на Арсовска, Град Скопје стои во место

од Stefanija Kuzmanovska

Кавгите во Градот Скопје, за пари, бизнис интереси и тендер вреден 136 милиони евра е на директна штета на граѓаните и го покажува вистинското лице на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од владејачката СДСМ.

„Град Скопје една година стои во место. Клучните проекти за граѓаните се закочени, очигледно заради бизнис интереси на структури во ВМРО-ДПМНЕ. Кавгите меѓу Мицкоски и Арсовска не ги интересираат скопјани очекуваат работа и реалзација на проектите. Токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа кандидатурата на Арсовска, ѝ ги собраа потребните потписи и заедно ја бараа довербата од скопјани“, изјави Љубица Јанчева, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Градот.

Потсетува дека Мицкоски дури и јавно кажа дека заедно со Арсовска преговараат со компании за набавка на 100 електрични автобуси.

„По мегакриминалниот проект Скопје 2014, главниот град се соочува со нова катастрофа наречена Скопје 2024. Но, СДСМ заедно со граѓаните тоа нема да го дозволи“, истакна таа.

Вели дека во Советот на Град Скопје продолжуваат да функционираат како опозиција, како гласен коректив на работата на градоначалникот и градската администрација.

Слични содржини