СДСМ: Трендот на опаѓање на невработенсота ќе продолжи да се намалува и во следната година

од Vladimir Zorba

„Економските политики и мерки на СДСМ даваат реални и видливи резултати. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека стапката на невработеност изнесува 17,1 отсто. Тоа е историско најниско ниво на невработеност“, велат од СДСМ.

„За нешто повеќе од две години отворени се над 54.000 работни места доминантно во приватниот сектор.

Со официјалното членство во НАТО но и со активните мерки за вработување на Владата предводена од СДСМ ваквиот тренд на опаѓање на невработенсота ќе продолжи да се намалува и во следната година.

На прав пат сме, продолжуваме да градиме развојна и конкуретна економија и да поттикнуваме економски раст и развој и отворање на нови работни места со што придонесуваме за дополнителен пад на стапката на невработеност“, посочуваат оттаму.

Слични содржини