СДСМ утре ќе одржи дигитален Конгрес

од Берта Китинска
СДСМ утре во 13 часот ќе го одржи 25. Конгрес, коj за прв пат ќе биде дигитален, користејќи современи дигитални платформи и алатки.
Првиот дигитален Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електорнска платформа Зум (ZOOM), заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници и со целосно почитување на мерките и препораките за зашитита од ковид 19, соопштија од партијата.Конгресот ќе го отвори и ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Конгресот ќе има отворен и работен дел. Делот од Конгресот што ќе се пренесува во живо ќе може да се следи на следниот линк: https://youtu.be/uWgxIHylWy4. Директни линкови ќе бидат на располагање и на официјалната интернет страница на СДСМ (www.sdsm.org.mk )
По завршување на Конгресот, претседателот на партијата, Заев, на прес-конференција ќе ги презентира донесените одлуки.

Слични содржини