СДСМ: Уцени не прифаќаме, ќе се спротивставиме на блокадите на Мицкоски нарачани од Груевски

од Берта Китинска

Владејачката партија преку соопштение порача дека не прифаќаат уцени.

Тие додаваат и дека ќе се спротистават на блокадите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за кои велат дека се нарачани од поранешниот премиер Никола Груевски.

„Граѓаните се разочарани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е една од причините зошто Христијан Мицкоски се плаши од редовни избори во 2024 година. СДСМ не прифаќа уцени, туку ќе се спротивстави на блокадите на Мицкоски нарачани од Груевски. Институциите, граѓаните, нема да дозволат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски повторно да ја загрозат иднината на државата само за да му удоволат на Груевски“, велат од СДСМ.

Тие велат дека имаат план да се спротивстават на сите блокади, заедно со коалициските партнери, и со парламентарното мнозинство да продолжат со работа за граѓаните и државата.

Слични содржини