СДСМ: Вакцинацијата е со засилен тек, за неколку дена се отвора пункт и во Велес

од Nikola Popovski

Преземените мерки дадоа резултат, има сериозен тренд на драстично намалување на заболени од коронавирус, се празнат ковид-центрите, вакцинацијата е со засилен тек, оцени Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Тој подвлече дека масовната имунизација на населението се одвива непречено и во најдобар ред на сите пунктови, ширум државата и најави отворање на нови пунктови.

„Се е подготвено и за неколку дена се отвора и пункт во Велес“, рече Коциќ.

Според информациите од надлежните, досега се аплицирани речиси 250.000 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.505 граѓани. Бројот на граѓани кои се пријавиле за вакцинација преку платформата vakcinacija.mk е околу 400.330 граѓани.

СДСМ апелира секој граѓанин да се пријави за имунизација, да се вакцинира во потврдениот термин и на тој начин да се заштити себе и блиските од коронавирусот.

Слични содржини