СДСМ: Владата предводена од Заев целосно се грижи за економијата и угостителите

од Nikola Popovski

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев останува целосно посветена на вистинска грижа и одговорност за економијата, за угостителите, за сите граѓани. Оттаму, и годинава граѓаните со ниски примања ќе добијат ваучер за летување кој за разлика од минатата година, годинава изнесува 12.000 денари, а ќе можат да го користат семејства чии вкупни месечни примања не надминуваат 30.000 денари, стои во соопштението на СДСМ.

Според нив, од државниот буџет за реализација на оваа одговорна и ефикасна мерка предвидени се 15 милиони денари или 2,5 милиони евра за вкупно 1.250 ваучери.

„Овие пари ќе завршат кај домашните хотелиери, со што директно ќе се помогне нивната работа во време на постковид пандемија, а во исто време ќе им се помогне и на илјадници семејства со ниски примања“, додаваат од партијата.

Слични содржини