СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да одлучи дали ќе остане под заложништво на Левица или ќе се приклучи на проевропскиот блок

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучи дали ќе остане под заложништво на Левица во антиевропскиот блок или конечно ќе го стави државниот интерес на прво место и ќе се приклучи на проевропскиот блок, велат од СДСМ преку соопштение, во однос на најавените уставни измени кои би требало да се случат најдоцна до есен.

Според владеачката партија, сите 120 пратеници имаат одговорност да се вклучат во процесот на реформите важни за европската иднина, на нашата држава и нашите граѓани.

-ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучи дали ќе остане под заложништво на Левица во антиевропскиот блок или конечно ќе го стави државниот интерес на прво место и ќе се приклучи на проевропскиот блок.

Блокадата на европскиот пат е блокада на подобар, европски животен стандард, повисоки плати, поголем економски раст, повеќе инвестиции, подобро образование, блокада за шансите за младите и европските вредности. Опозицијата има одговорност, пред граѓаните и иднината на државата. Иднината на нашата држава е во Европската Унија, а полноправното членство е децеинска, стратешка определба, истакнуваат од СДСМ.

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ вчера обвини дека опозицијата континуирано сее страв поради внесувањето на бугарското малцинство во Уставот.

-Го разбирам сега стравот на граѓаните, бидејќи е производ на една долгогодишна кампања, но исто така треба да ја разбереме нашата одговорност како политичари да ги решаваме проблемите, зашто во исто време граѓаните сакаат членство во ЕУ и над 60% од граѓаните сакаат да одиме кон Унијата како единствена опција, истакна Маричиќ.

Слични содржини