СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е занемена од работата и проектите на Шилегов

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ упорно продолжува да конструира случки, да шири лажни вести и невистини во надеж дека со тоа ќе го ублажат извесниот пораз што ги чека во Скопје, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Според нив, само за десеттина денови реализирани се важни инфраструктурни проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот и ја зголемуваат безбедноста во сообраќајот.

-Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ е занемена од работата и проектите на Петре Шилегов па затоа секој ден лаже суши. Секому му е јасно дека на овие избори ВМРО-ДПМНЕ губи убедливо во Град Скопје, дека Град Скопје предводен од Петре Шилегов ќе продолжи да се гради и развива и во следните четири години, стои во реакцијата.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, достави документи до општина Карпош со цел инспекторите од урбанизам и градежништво да извршат увид на семејната зграда на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и да утврдат дали станува збор за дивоградба и дали излезено надвор од рамките на реновирањето на објектот.

-Го понесов и имотниот лист на Петре Шилегов чие што менување се изврши во сабота, на четврти септември откако беше прозван. И каде што стои дека правосилност на одлука за добивање на градежното земјиште е од 03.09.2021 година. Што значи дека не го поседувал земјиштето кога го добил она одобрение за наводна реконструкција на неговиот објект, кажа Стоилковски на пресот.

Слични содржини