СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и натаму е без одговор од партнерот на Мицкоски во бизнисот со хидроцентралите

од Nikola Popovski

ВМРО ДПМНЕ очигледно и денеска останале без одговор од партнерот на Христијан Мицкоски во бизнисот со хидроцентралите. Од основање, Драги Василев, познат како Драги Минка е управител на фирмата “Дравас Инженеринг” , за која и денеска зборуваат на прес – конференција од Белиот дворец, соопштуваат од СДСМ, како реакција на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, прашањата може Мицкоски да му ги постави на неговиот партнер во хидроцентралите, а од своите да побара одговор кој во белата палата го мести Мицкоски со ваки прес – конференции?

„ВМРО ДПМНЕ многу добро знаат дека заврши времето на пресметка со неистомислиците преку злоупотреба на институциите. Заврши времето на репресија кон даночните обврзници и законите важат за сите подеднакво. Листата на должници на УЈП е транспарентна, јавно се објавува и без исклучок се постапува согласно Законот. ВМРО ДПМНЕ заглавена во режимската мартица, не знае ништо друго освен да обвинува неосновано, да шири лажни вести и манипулации“, велат од владеачката партија.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски обвини дека фирмите на Заеви со години се наоѓаат на листата на неплаќачи на данок, а ги штити директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Како што вели Стоилковски, поради тоа Лукаревска е унапредена во прв заменик на претседател во СДСМ.

Слични содржини