СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја одведе и државата и својата партија во долгови

од Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ е партија со долг од 8 милиони евра, а Христијан Мицкоски е стечаен управник на најнедомаќинската и најрасипничката партија.11 години ВМРО-ДПМНЕ, предводена од диригентот Никола Груевски и извршителот Мицкоски ја пустошеше државата, ги задолжи и ги крадеше граѓаните, вели Стефан Васев од СДСМ.

За време на режимот бруто надворешниот долг на државава се зголеми за над 5 милијарди евра, од 2,5 милијарди евра во 2006 година на 7,7 милијарди евра во првиот квартал од 2017 година.Во истиот тој период, додека граѓаните идржавата осиромашуваа, ВМРО-ДПМНЕ изгради луксузен дворец, симбол на нивниот криминал и корупција.Сегаистата таа партија има долг од 8 милиони евра од кој, според сопствено признание голем дел е направен токму за време на претходното раковдоство.Замислете, што би се случило кога овие недомаќини и расипници, извршителот Мицкоски и Груевски повторно би се доближиле до државниот буџет?!Колку нови милијарди евра би ја задолжиле државата за нивните криминални проекти?Затоа граѓаните на 12 април нема да дозволат Груевски и Мицкоски повторно да ја задолжуваат и ограбуваат на државата.На 12 април граѓаните гласно ќе порачаат: режим и криминал никогаш повеќе!, изјави  Васев.

Слични содржини