СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се противи 4.700 наставници и стручни соработници да добијат трајно вработување

од Nikola Popovski

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за образование, повторно ги блокираат измените и дополнувањата на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат со блокади, откако пред еден месец со навреди, закани и обиди за физички напади се спротивставија на унапредувањето на образованието, решавањето на статусот на наставниците, реагираат од владеачката СДСМ.

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ се противи 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување, наставниот кадар во основните и средните училишта да има правна и економска сигурност.

-Блокадите и деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ нема да застанат на патот на реформите во интерес на граѓаните. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ нема да дозволи наставниците, стручните соработници, ниту кој било друг граѓанин да биде заложник на антинародното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски, стои во партиското соопштение на СДСМ.

Слични содржини