СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 12 години го урниса енергетскиот сектор, а денес шири небулози

од Nikola Popovski

Од партијата СДСМ наведоа само дел од “успесите” на ВМРО – ДПМНЕ за дванаесетте години владеење, како реакција на денешната прес-конференција на портпаролот на партијата, Димче Арсовски.

-Штетен договор за модернизација на РЕК Битола заради кој и денес се води судска постапка,Затрупан рудник со над 100.000.000 метри кубни неископана јаловина во РЕК Битола во услови кога се потрошиле 210.693.569 евра за ископ на јаглен и дополнителни 7.982.234 евра за ангажирање на помошна механизација. РЕК Осломеј – запуштен и нефункционален капацитет кој ,на пример, во цела 2016 година работел само 22 дена, наспроти 109 дена колку што работи досега годинава и ќе работи до крајот на април следната година. Поскапување на струјата за цели 100 проценти. Увоз на струја во вредност од 200 евра за MW во моменти кога цената на струјата на берзата изнесуваше 70 евра за MW, наведоа од владеачката партија.

Според нив, достигнувањата на Христијан Мицковски и како советник за енергетика на Никола Груевски и како член на раководни тела на АД ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) и како генерален директор на компанијата, им се добро познати на македонската јавност.

-На дрскоста на ВМРО – ДПМНЕ секојдневно да ја третира енергетската криза во земјава и Европа, ѝ нема граници. Наспроти паниката што ја шират, небулозите со кои обвинуваат и лажната загриженост на ВМРО – ДПМНЕ, ние секојдневно работиме на справување со енергетската криза, стои во партиската реакција.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, денес обвини дека енергетската криза ќе ја донесе државата до инфлација и граѓаните ќе ги осиромаши, лично за неа се виновни единствено СДСМ и оваа Влада.

-Сведоци сме на бизнис-интереси во ЕЛЕМ на фамилијата Заеви и Васко Ковачевски и тоа се провлекува наназад 3-4 години. Денес ние сме сведоци на криминал, корупција, пресушени езера и сето тоа поради елементарни непознавања во работата и функционирањето на крајно криминален начин во овие области, нагласи Арсовски.

Слични содржини