СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави запаливи фасади, лавови, жални врби и стиропор што глуми мермер

од Vladimir Zorba

„ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со новите политики на СДСМ во Градот Скопје, со кои главниот град станува модерна, уредна, европска метропола, затоа продолжува со ширење лаги и дезинформации“, реагираат од СДСМ.

„За 27 години, колку што беа на кормилото на Град Скопје денар не потрошија за набавка на опрема и сега соочени со набавката, креираат наводни скандали.

Ништо не набавија а потрошија милиони на споменици и лажен барок, додека градови од регионот, како Загреб сериозно вложуваа во опремување на противпожарните служби со нова современа опрема.

Скопјани бргу ќе се уверат колку е зголемена безбедноста во градот и добро знаат што остави ВМРО-ДПМНЕ зад себе – запаливи фасади, лавови, жални врби и стиропор што глуми мермер.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати се казнети од граѓаните на избори и уште долго ќе останат во опозиција“,се додава во реакцијаѕа.

Слични содржини