СДСМ: Во понудата за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ не верува ниту Мицкоски

од Берта Китинска

Во понудата за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ не верува ниту Мицкоски, СДСМ е убедлив фаворит и победник на изборите, велат од СДСМ.

-Едвај нашол кандидати што ќе претрпат пораз, па затоа мнозинството од кандидатите се непознати.Огромен дел од нив се од времето на Груевски кои или биле кандидати за советници или имале државни функции на локално или централно ниво.

​ВМРО-ДПМНЕ се уште нема свој кандидат за градоначалник на Град Скопје, додека во Општина Центар поддржува кандидатка на мал коалиционен партнер. Ова покажува дека ВМРО-ДПМНЕ во главниот град има мала доверба од граѓаните.Повеќе од јасно е дека ниту самиот Мицкоски не верува во оваа понуда, па затоа побегна од јавноста и објавувањето на кандидатите му го препушти на Александар Николоски, аѓутант на Груевски.

Во многу општини се поставени кандидати со многу помала поддршка од граѓаните, наместо личностите со највисок рејтинг меѓу нивните кандидати.Затоа на 17 октомври Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов пораз од граѓаните, кои ќе потврдат дека напредокот е можен единствено со СДСМ, соопштија од партијата.

Слични содржини