СДСМ: Во времето на ДПМНЕ пензиите беа замрзнати, денес се зголемени за 2000 денари

од Nikola Popovski

СДСМ се грижи за пензионерите и во време на криза освен историски највисокот зголемување Владата им доделува и дополнителна помош од по 3.000 денари на секој од 330.000 пензиноери. А што прави ВМРО-ДПМНЕ среде криза? Троши милионски суми народни пари за вдомување партиски кадри по општините и ништо друго, соопштија попладнево од владеачката партија.

Според СДСМ, за разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, денес пензиите растат се исплаќаат навремено а пензионерите добиваат дополнителна финансиска помош за справување со кризата во следните три месеци.

-И додека во времето на ВМРО-ДПМНЕ пензиите беа замрзнати со години, за овие четири и пол години пензиите се зголемени за просечно по 2.000 денари.

Слични содржини