СДСМ: Време е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ конечно да кажат за што се и да се изјаснат за референдумот

од desk2

Несериозно е да се нема став за најважните прашања за иднината на државата и граѓаните, сметаат од владејачката СДСМ и бараат од ВМРО-ДПМНЕ, која десет години зборувала за референдум и право на граѓаните да го имаат последниот збор, да одлучат за патот по кој ќе се движи државата.

„Сега референдумот е пред нас, кога е обезбедено членството во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став.
Време е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ конечно да кажат за што се и да се изјаснат за референдумот. Ако е за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ треба да ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина.
Во спротивно, Мицкоски ќе покаже дека лаже и дека всушност е за одбрана на криминалот на неговиот претходник, за изолација, назадување и неизвесност“, велат од СДСМ.

Граѓаните нема да дозволат некој да ја закочи македонската иднина, додаваат од партијата.

„СДСМ Република Македонија не ја носи во ЕУ и НАТО, туку на македонските граѓани донесе штетен договор со кој ги продадоа националните и државните интереси.

СДСМ со еден потпис се откажа од идентитетот целосно загрозувајќи го институционалниот идентитет како еден од основните обележја од идентитетот на државата и македонскиот народ.

Нема граѓанин во Република Македонија кој не изрази разочарување за криминогеноста на власта. Тоа е показател колку е уназадена државата откако Заев и СДСМ се на власт“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини