СДСМ: Времето на злоупотреби заврши, ако се утврдат неправилности се преземаат мерки

од desk2

Граѓаните знаат какви се злоупотреби се правеа на сите нивоа во државните институции, вклучително и во МВР, за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. 

Почнувајќи од прикривањето и заштитата на криминалот на фамилијата, незаконското прислушување, злоупотребите и партизацијата на полицијата, па се до претворањето на министерството во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборите.

Времето на злоупотреби заврши тоа треба да им биде јасно на сите. Нема повеќе МВРО-ВМРО, нема повеќе сокривање или бегање од одговорност.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, за споменатиот случај извршени се соодветни проверки а во тек е и дополнително утврдување на сите факти. Доколку се утврдат неправилности ќе бидат преземени соодветни мерки.

Тоа е разликата со која не може да се помири ВМРО-ДПМНЕ ниту пак може да ја разбере.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Слични содржини