СДСМ за акцијата „Двојник“: Мицкоски одново не успеа да ги одбрани криминалците

од Nikola Popovski

„Додека полицијата изведуваше голема акција за сузбивање на криминална група која незаконски издавала македонски пасоши Христијан Мицкоски пласираше информации кои беа закана за целата акција и за натамошната истрага пред надлежните обвинителствата“, објавија од владеачката СДСМ како реакција на денешното апсење на полициски службеници, како дел од акцијата „Двојник“.

Според нив, во обид да ја саботира акцијата, Мицкоски денеска одново јавно застана на браникот на криминалот, спротивно од страната на полицијата.

„Мицкоски одново не успеа да ги одбрани криминалците. Залудни се обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја попречат правдата, да ги заштит криминалците, државата, инситуциите продолжуваат со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата“, велат од СДСМ.

Слични содржини