СДСМ за анкетата на ИПИС: Истите прогнозираа победа на Мицкоски на локалните и на парламентарните избори

од Vladimir Zorba

„Губитникот Христијан Мицкоски ја предводеше својата ВМРО-ДПМНЕ во шест порази на сите изборни соочувања со граѓаните во последните четири години. Очигледно после сите порази на Мицкоски му требаат лажни анкети за внатрепартиска употреба, за да си ја зачува својата фотелја во Белиот дворец“, реагираат од партијата на власт на анкетата на ИПИС.

„Колку е релевантна последната анкета говорат податоците што истиот институт прогнозираше победа на Мицкоски и на локалните и на парламентарните избори. Ова покажува дека Мицкоски се уште функционира по методите на неговиот ментор Груевски, кој 11 години со нарачани анкети манипулираше со јавното мислење.

Од друга страна граѓаните на сите избори изминатите четири години, локални, претседателски и парламентарни, на локалните избори во Штип како и на референдумот се изјаснија дека не сакаат политичари како Мицкоски, кои се без став за важни прашања, кои шират лажни вести и работат против интересите на својот народ и својата држава.

Граѓаните континуирано бираат развој, напредок, одговорност и стабилност, а не блокади, бојкот, лаги, стравови и хистерии.

Мицкоски може да си нарачува и да пласира лажни анкети за сопствени потреби колку сака, реалноста говори дека тој со ваквото однесување уште долго останува во опозиција“, реагираат од СДСМ.

Според анкетата на институтот на Владимир Божиновски, кој се смета заблизок до ВМРО-ДПМНЕ, на прашањето „За која партија би гласеле доколу наредната недела се одржат Парламентарни избори“, 23% од испитаниците одговориле дека поддршката би ја дале за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ 21 отсто.

Власта, според анализите на институтот ја губи довербата од граѓаните затоа што не успеала да го исполни главното предизборни ветување – старт на преговорите за членство во Унијата и покрај промената на уставното име, но и лошите извештаи од меѓународните институции

Слични содржини