СДСМ: За долг од 500 денари веќе нема да се плаќа по 5.000 денари камата

од Nikola Popovski

По предлог на парламентарното мнозинство од СДСМ, Собранието ги усвои дополнувањата на Законот за облигациони односи. Со ова, исправивме уште една голема неправда кон граѓаните и компаниите, вели Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ на прес-конференција.

Според неа, тоа значи дека ако одреден граѓанин или фирма имале долг од пред десеттина години, на сума од 1.000 денари, каматите што му се трупале со години и кои на крајот ќе треба да ги плати, нема да бидат повисоки од 1.000 денари.

-Со овие измени, ставаме на крај на ситуациите кога за долг од на пример 500 денари должникот мораше да плаќа 5.000, 8.000 па и 10.000 денари по основ на камати. Законското решение ќе важи за сите, и за граѓаните, и за компаниите, и ќе се однесува на долгови од секаков карактер, на пример за застарени сметки за струја, вода, телекомуникациски услуги, обврски кон банки и слично, изјави Тасевска.

Слични содржини