СДСМ: За колку тегли мед на Мицкоски пропадна најавата за 100 електрични автобуси во Скопје

од Берта Китинска

Пред само шест месеци, во март оваа година, Христијан Мицкоски рече дека преговорал за набавка на 100 нови електрични автобуси за потребите на ЈСП Скопје.Од партиски настан, од партиска говорница, Мицкоски се стави во улога на градоначалник на Скопје и говореше во името на неговата кандидатка а потоа и градоначалничка Данела Арсовска, вели на денешната прес-конференција , портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Да го слушнеме Мицкоски:

Втората работа за којашто сакам денеска да зборувам е практично еден голем проект, позитивен. Инвестиција за Скопје и скопјани во делот на организираниот превоз. Изминатиов период сериозно работевме на контакти и разговори и преговори со неколку светски компании којшто произведуваат електрични автобуси. Нови минимум 100 парчиња електрични автобуси којшто од прилика годишно го намалуваат загадувањето за 80 илјади тони по парче“.

Таа посочува дека заеднички именител на сите овие скандали се парите и бизнис интересите на ВМРОДПМНЕ и Мицкоски, ништо друго.

-Откако се скара со Арсовска, на виделина излезе дека шпицниот градоначалник Мицкоски и неговите кадри како Пeрински се фатени со рацете во медот. После шест месеци подоцна нема ништо од
спектакуларно најавуваните 100 електрични автобуси од Мицкоски. Дали парите и бизнис интересите на Мицкоски и неколкумина околу него во ВМРО-ДПМНЕ е причината за тоа?, прашува Кузеска.

Слични содржини