СДСМ за Николоски: Кој лаже, ќе сноси одговорност!

од Vladimir Zorba

„ВМРО-ДПМНЕ е синоним за лаги, клевети и невистини, но и за корупција, криминал и неправда. Тоа време помина а сегашното раководство на опозициската партија, по три последователни порази на избори е без идеја, став и без кредибилитет. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и покрај тоа што е осуден за клевета, не се откажува од ширење лажни вести и конструирање неспостоечки случаи, во очајни обиди да ја манипулира јавноста“, реагираат од СДСМ на изјавата на Николоски.

„Граѓаните не му веруваат на Николоски, по неговите бројни лаги, како кога јавно тврдеше дека ОН лошо ги оценила владините мерки за справување со кризата, за потоа да стигне реакција од ОН дека организацијата воопшто не ни дискутирала за мерките во Северна Македонија, а не пак да дала некаква оценка.

Николоски тврдеше дека државата нема да добие датум за почеток на преговори со ЕУ, а преговорите започнуваат, тврдеше дека ќе се затвори Дрекслермаер, што беше демантирано од раководството, дека Тутнскиот комбинат во Прилеп работи најлошо досега, а има добивка.

Николовски во 2018 година најави дека ќе се повлече од политиката, а се уште е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Вистината ги демантира лагите на ВМРО-ДПМНЕ.

Кој шири лажни вести, клевети и невистини, треба да се соочи со одговорноста, ниту Николовски ниту ВМРО-ДПМНЕ не се над законите“, се посочува во реакцијата.

Слични содржини