СДСМ за пресудата за „ТНТ“: ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија

од Nikola Popovski

Денешната судска пресуда за предметот ТНТ за рушењето на „Космос“ уште еднаш потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија, велат од СДСМ.

Во напишаното додаваат дека во случајот, на затворски казни се осудени веќе докажаните криминалци и повеќекратни осуденици, Никола Груевски и Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

„Во случајот, на затворски казни се осудени веќе докажаните криминалци и повеќекратни осуденици, Никола Груевски и Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски. Пресуда по пресуда се потврдуваат сите индиции за сторени тешки криминали кои беа објавени преку проектот ’Вистината за Македонија‘, се потврдија наводите дека Никола Груевски е инспираторот на најголем дел од кривичните дела, а Миле Јанакиески негов најревносен извршител. Тоа е истиот Груевски кому Мицкоски отпрвин му беше советник по енергетика, а потоа и генерален секретар на партијата, истиот Груевски кој Мицкоски го инсталираше во фотелјата во Белиот дворец“, наведуваат од партијата од „Бихаќка“.

Оценуваат дека ВМРО-ДПМНЕ денес е истата непроменета криминално – режимска партија која работи против интересите на граѓаните и државата.

Заедно со Груевски, кој доби затворска казна од 9 години, на три години затвор е осуден неговиот поранешен близок соработник и министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, како и поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски, кој доби четири години.

Слични содржини