СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ Сорос беше виновен кога цел свет известуваше дека С. Македонија е заробена држава

од Nikola Popovski

„Расте паниката во белиот дворец откако ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и меѓународно се препознаени како главен извор на дезинформации и лажни вести. Речникот на Груевски со кој денес комуницира ВМРО-ДПМНЕ, хајките, нападите и конструкциите со кои се служат покажува дека партијата предводена од Мицкоски не е мрдната од режимската матрица“, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, За ВМРО-ДПМНЕ Сорос беше виновен кога цел свет известуваше дека Северна Македонија е заробена држава, кога бевме последни по медиумски слободи во Европа.

„Сорос им беше виновен кога лажеа дека ќе се градат населби за мигранти низ македонските граѓани. Денес, повторно им е виновен Сорос што кредибилна студија ги мапира како главни извори на лажни вести. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски, освен лажни вести, хајки и деструкција не нудат ништо добро за граѓаните и за државата. Затоа се таму каде што се, во опозиција,изолирани во сопствениот очај и хистерија“, стои во партиското соопштение.

Слични содржини