СДСМ: Зад бојкотот на пописот стои Груевски, Мицкоски е само извршител

од Берта Китинска

Ставовите на криминалецот во бегство Никола Груевски потврдуваат дека зад бојкотот, зад саботажата на пописот стои лично Груевски, а Христијан Мицкоски е само негов извршител, велат од СДСМ.

-Уште еднаш се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е раководена од Будимпешта а Мицкоски е само чувар на фотелјата во белиот дворец.

ВМРО-ДПМНЕ со Груевски и Мицкоски се уште е во режимската матрица, се уште работи против интересите на граѓаните и државата, соопштија од СДСМ.

Со свој став за законот за  попис преку Фејсбук  денеска се огласи  поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски. Тој во него објаснува дека ќе има трка која етничка заедница ќе направи повеќе неправилности при попишувањето и ќе запише повеќе лица.

 

 

Слични содржини