СДСМ: Заев ќе биде мандаторот која ќе ја води државата напред во следните четири години

од Берта Китинска

„Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев ќе биде мандаторот за состав на новата Влада која ќе ја води државата напред во следните четири години.Во тек се сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат.Затоа што, успешните политики на СДСМ и Владата која ја предводи се потврдија и на последните парламентарни избори“, соопшти СДСМ.

Оттаму додаваат дека граѓаните го одбрале  концептот кој ќе ја води државата напред, концептот кој ги враќа парите назад кај граѓаните и со своето избирачко право тие тоа го потврдиле. Кон градење на нова развојна економија, која креира нови работни места и создава шанса за секој.

„Покажавме дека и во време на најголемата светска криза се грижиме за сите граѓани. Преку антикризни мерки со цел зачувување на работните места и оддржување на бизнисите во живот, наместо ставање клуч на врата.Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој – зашто секој треба и секој ќе добие поддршка.Во следните 4 години продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме за граѓаните и државата“, се додава во соопштението.

Слични содржини