СДСМ: Започна процесот на попишување, со учество во пописот, секој граѓанин придонесува за развој и подобра иднина на државата

Владејачката СДСМ во денешното свое соопштение, уште еднаш посочи за тоа колку е важна статистичката операција попис и нејзиното оддржување.
Имено,  како што велат од таму, ВМРО ДПМНЕ прави само лош маркетиг во однос на негирањето на пописот.
„По речиси 19 години, државата спроведува попис согласно сите меѓународни стандарди и пракси на Евростат и Обединетите Нации.
Започна попишувањето на одделни категории на лица како што е предвидено во методологијата и од вчера се попишуваат лицата кои за време на пописот се наоѓаат во странство, во служба на Армијата, во казнено- поправни и воспитно-поправни установи, лицата кои се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив, како и бездомните лица.
До 21 април ќе се спроведе и самопопишување на дијаспората коешто се одвива електронски, преку веб страницата на Државниот завод за статистика.
Пописот е најважната и најголемата статистичка операција со којашто ќе се обезбедат податоци коишто ја даваат основата за креирање ефикасни јавни политики со цел создавање услови за економски раст и развој, искоренување на сиромаштијата, зголемување на еднаквоста меѓу граѓаните, рамномерен регионален раст и поголема заштита на животната средина.
Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека Законот бил неевропски и собирањето на потписи за наводно одложување на пописот е само лош партиски маркетинг, на којшто граѓаните не смеат да подлегнат.
Законот за попис и методологијата се во согласност со меѓународните стандарди и тоа е потврдено и од Евростат.
Граѓаните активно да се вклучат во пописот со што ќе дадат свој личен придонес за подобра иднина на државата и на целиот народ“, се вели во соопштението.

 

Слични содржини