СДСМ: Заштитен е Уставот, интересите на граѓаните и европската перспектива на државата

од Берта Китинска

„Сите членови на Владата мора да ги почитуваат Уставот и законите и мора да работат во интерес на граѓаните и државата“, велат од СДСМ.

СДСМ ја поздравува одлуката на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија за разрешување на сега веќе поранешната техничка министерка за труд и социјална политика од ВМРО ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.

Со ова зашитетен е Уставот, европската перспектива на државата, интересите на граѓаните, правата на стечајците и другите ранливи групи.Одговорност мора да понесат сите што го кршат Уставот.

Членството во НАТО и ЕУ, иднината на земјата, не смее да биде заложник на извршители кои сакаат да го спречат напредокот и да ја загрозат сигурноста, односите со соседите, членството во НАТО и ЕУ.

– Сите членови на Владата мора да ги почитуваат Уставот и законите и мора да работат во интерес на граѓаните и државата. Техничката Влада има мандат да обезбеди фер и демократски избори и фокусот на сите треба да биде во оваа насока.Нема враќање назад, продолжуваме напред, велат од СДСМ.

Слични содржини