СДСМ: Заврши времето кога политиката доминираше над правото

од Берта Китинска

Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница. (член 94, Устав)Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, сето тоа е доказ за очајот во кој е западнат Христијан Мицкоски, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа напоменува дека завршено е времето кога политиката доминирала над правото.

-Заврши времето кога истраги и записници од постапки се диктираа по телефон, се измислуваа сведоци и се злоупотребуваа институциите да прават театри пред јавноста.Заврши времето на напишани пресуди пред завршени постапки.Тоа време беше кога ВМРО ДПМНЕ беше и полиција, и обвинител, и судија, и сведок, вели Кузеск.

Напомнеувајќи дека сега се постапува по Устав, по Закон, по пропис.

-Има истрага која ја водат надлежни органи и една таква истрага, темелна, независна и професионална ќе ги даде сите одговори.ВМРО-ДПМНЕ нема никакво право да се повикува на морал, а уште помалку пак има образ да го оценува работењето на Венко Филипче, кое го саботираше во секоја можна прилика, вели таа.

Слични содржини