Вечерва сите граѓани во Република Македонија се уверија како работат режимските медиуми, како изгледа гостување во режимска телевизија уредувана од страна на Груевски и неговите платеници.

26783mala

Доминирањето на некултурата, вулгарностите, говорот на омраза кон оние што мислат слободно и различно, говорот на омраза кон припадниците на другите националности, уште еднаш покажува колку е далеку денес Македонија од демократските и европски вредности.

Со промена на власта и заминувањето на Никола Груевски во историјата, граѓаните можат да очекуваат слободни медиумуи, дебата, различни мислења што нема да бидат задушени, кадешто лагите нема да бидат медиумска алатка и кадешто ќе доминираат вистинските вредости на една демократска, современа и европска земја.

Сите слободномислечки и професионални припадници на новинарската професија и новинарскитре здруженија не смеат да останат неми туку да застанат во заштита на професиналното и објективно информирање во корист на граѓаните на Македонија.

Ова е уште еден доказ зошто е потребна слобода на медиумите, зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор и зошто СДСМ инсистира на професинално и избалансирано известување на медиумите., пишува во соопштението на СДСМ што вечерва после интервјуто на лидерот Зоран Заев го испрати партијата до јавноста.

Слични содржини