Се активираат средствата за 99 проекти – усвоен анексот на договор со ТАВ

од Берта Китинска

Владата на вчерашната  седница го утврди текстот на Анексот на Договорот за концесија склучен помеѓу Република Северна Македонија и ТАВ Македонија ДООЕЛ, со кој практично е ставена во функција одлуката за распределба на средствата што беа предвидени за карго аеродром во штипско и со која финансискиот износ за таа намена сега се пренаменува за 99 инфраструктурни проекти за 75 општини во државата, како и за проширување на капацитетите на аеродромските згради во Скопје и Охрид.

Како што информираа од Владата претходно, со пренамената се обезбедени 35 милиони евра за 99-те проекти во општините.

Слични содржини