Се асфалтира и проширува паркингот кај Клиниката за стоматологија (ФОТО)

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека во тек е асфалтирање и проширување на паркингот кај Клиниката за стоматологија.

-По повеќе од 50 години, заедно со Градот Скопје, градоначалникот Петре Шилегов, во целост ја реконструиравме инфраструктурата во клиничкиот кампус ,,Мајка Тереза”. Овозможивме посебен влез за возилата на Итната медицинска помош, тројно го зголемивме капацитетот за паркирање со нов паркинг до зградата на Клиниката за гинекологија и акушерство, направивме паркинг кај Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби околу мобилната болница. Со овие зафати целосно го олеснивме функционирањето на клиничкиот центар и овозможивме полесно движење на пациентите низ клиничкиот кампус, полесно движење на интерклиничкото возило и посебни патеки за движење на пациентите со колички, било да се тоа седечки или лежечки пациенти, напиша Филипче на социјалните мрежи.

Слични содржини