Се асфалтира првиот дел од новиот булевар Босна и Херцеговина

од Vladimir Zorba

Екипите на Град Скопје деновиве почнаа со асфалтирање на северниот дел од трасата на новиот булевар Босна и Херцеговина.

Изградбата на првиот дел од новопроектираниот булевар Босна и Херцеговина е на потегот од раскрсницата со булеварот Словенија и улицата Македонска косовска бригада, до раскрсницата со улиците Бутелска и Кемал Сејфула.

Булеварот ќе биде долг околу 1.400 метри и широк 40 метри и ќе има по 3 коловозни ленти во двата правца, 5 метри зелен појас во средината, странично зеленило, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни.

Слични содржини