Се бара казна од 5.000 евра за штипјанец кој не ја почитувал мерката задолжителна самоизолација

од Vladimir Zorba

Штипското Основно јавно обвинителство денеска побара судот да ја изрече највисоката парична казна за 32 годишен штипјанец, кој не ја почитувал мерката за задолжителна самоизолација. Штипјанецот кој не седел дома сега се соочува со парична казна од 5.000 евра.

– Обвинетиот 32-годишник не постапил според решението со кое му била определена задолжителна домашна изолација до 26 март, па на 25 март го напуштил својот дом и отишол во берберски салон. Со ова тој не постапил според одлуката на Владата со која се определуваат мерки за сузбивање и спречување на заразната болест Ковид-19, се вели во соопштението од Основното јавно обвинтелство во Штип.

Во него се наведува дека надлежниот јавен обвинител од Судот побарал на обвинетиот да му определи парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на секоја дневна глоба да биде одредена на износ од 50 евра во денарска противвредност, односно вкупна парична казна од 5.000 евра.

Слични содржини