Се бара мерка притвор за 27 годишен скопјанец за две тегли со марихуана

од Vladimir Zorba

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишен скопјанец, осомничен за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прокуроси“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Обвинителството, осомничениот, на 14 декември во својот дом во Влае, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана и ја чувал заради натамошна продажба.

При претрес на домот и други простории, овластени службени лица пронашле две тегли со наркотична дрога – марихуана во вкупна количина од 28,66 грама и две дигитални ваги со остатоци од психотропни супстанции кои влегуваат во состав на растението „канабис“.

– Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, со цел негово обезбедување во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор, стои во соопштението.

Слични содржини