Се ближи света Петка, дали коронавирусот конечно ќе нè научи што е суштината на православните слави?

од Берта Китинска

Со празникот света Петка, кој се слави на 27 октомври, традиционално во Македонија започнува „сезоната“ на зимски слави.

Токму поради овие собири Комисијата предлага забрана предложи семејните прослави, забави, слави и други собири. Во домовите да можат да се примат најмногу четворица гости за да се избегне забавите да се префрлат од кафулињата и рестораните во домашни услови

За да се прифатат трите предлог мерки потребно е да се направат измени во Законот за заштита на населението од заразни болести.

„Владата ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за задолжително носење заштитни маски или заштитна опрема секаде при престој на отворено, на затворено во јавни објекти, на работно место и во јавен и приватен транспорт. За забрана за групирање во домови на семејни прослави, слави и други собири во групи, при што се предлага на семеен настан во едно живеалиште, стан или куќа да може да се примат најмногу четири луѓе; како и предлогот да се забрани групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 22:00 часот, односно да се забрани групирање по паркови, јавни површини или било каде на отворено“, велат од Владата.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека измените на Законот за заштита од заразни болести е во собраниска процедура и дека веќе следната недела ќе може да се интевенира со амандманите.

И додека повеќето православни домаќинства традиционално го славеа празникот минатата година со голем број гости и раскошни трпези, епидемијата на Ковид 19  што пристигна во нашата земја во март 2020 година, промени сè.

Велигден беше првиот голем православен празник кој поради, епидемиолошки мерки го пролавивме  во карантин.

Ако размислиме малку подобро коронавирусот не спречува да славиме слава, ако зборуваме за вистинското значење на православието. Само не спречува да правиме гозба и сè што во големо се претвориле во прослави – бунт со гласна музика, шеги, несоодветни разговори, алкохол и сè што може да излезе од него …

Бројни гости доаѓаат, ја честитаат славата и седат на масата, а потоа нема збор за славата. Сè за славата се сведува на фразата „Среќна слава“ и ништо повеќе.

Значи, да се потсетиме, слава навистина значи само на трпеза да има погача, пченица, славна свеќа, вино и одење во црква

Домаќинките ја месат погачата и готват празнична пченица. Домаќинот ги носи во црквата со шише црвено вино и восочна свеќа за осветување. Празничната свеќа гори цел ден со погачата, виното и пченицта во просторијата каде што се наоѓа иконата, а семејството може да се собере со него на заеднички ручек, пред кој треба да се молат и да му оддадат почит на заштитникот на куќата.

И тоа е сè. Единствено што остануваше секогаш претерување и целосно отстапување од суштината на православното крштевање.

Вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата се искачи на 23.201 пациенти. Бројот на смртни случаи изнесува 824, откако во изминатото деноноќие починале три лица во болнички услови.

Според официјалните податоци, во моментов има 5.266 активни случаи, а досега излекувани се вкупно 17.111 пациенти од избувнувањето на епидемијата на Ковид-19 во февруари оваа година.

Слични содржини