Се блокираше воланот, заедно го вртевме со возачот, но не успеавме

од desk4

 Патник кој седел на третото седиште во автобусот кој вчера имаше стравична сообраќајка на патот Скопје – Тетово, за медиуми раскажал за тоа што доживел. Патникот изјавил дека првично слушнал врева внатре во автобусот и потоа шоферот ја изгубил контролата и излетале од патот.

Според патник од автобусот на „Дурмо турс“, кој во несреќата поминал со полесни повреди најмногу настрадале патниците кои биле во задниот дел од автобусот и на нив им немало спас.

– Не знам што се случи. Бев на третото седиштето и станав кога почнал да се тресе автобусот. Мислев дека на возачот му се слошило, но беше добар и се обидуваше да го исправи автобусотот откако изгуби контрола, но му се блокиралше воланот. Сѐ се случи многу брзо, се обидов да му помогнам и заедно го вртевме воланот, но не успеавме. Кога сфатив дека е доцна само се фатив за нешто за да летнам и тоа беше се – раскажа за 24 инфо патникот Бејтула Муриу врботен во министертвото за економија.

За албански медиуми патникот изрази сочувство за загинатите.

– Во 16.15 часот излеговме од работа од министерство за економија, некаде околу 16.30 тргнавме на пат. Бев седнат во третото седиште на спротивната страна од шоферот и наеднш почна една врева. Јас станав и дојдов до шоферот кога забалежав дека автобусот има проблеми со правецот на движење. После ова автобусот излезе на другата лента на автопатот Тетово – Скопје, за среќа немаше други возила. Се сеќавам на моментот кога автобусот се преврте и потоа кога автобусот застана излегов од прозор. Немам посериозни повреди, изјави патникот.

Слични содржини