Се чувствувате стари? Ќерката на Еминем наполни 25 години (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Убавата ќерка на славниот рапер Еминем го прослави 25-от роденден на Божиќ, а на својот Инстаграм профил сподели фотографија од прославата и ги воодушеви обожавателите.

Хејли на многумина им беше позната уште како девојче, кога беше гостинка на многу песни и на спотовите на нејзиниот татко, а сега прерасна во вистинска убавица.

Нејзините следбеници шокирано коментираа колку стари се чувствуваат поради фактот што Хејли веќе не е малото девојче на кое се сеќаваат.

„Дури сега сфатив колку време помина“, напишал еден од нејзините фанови.

„Што се случи со девојчето од песната„ My Dad’s Gone Crazy“, праша друг.

„Ќerерката на Еминем има 25 години, а мене косата почна да ми белее“, рече трети.

Еминем неодамна се пофали дека Хејли дипломирала со голем успех, а на својот Инстаграм често објавува фотографии од своето секојдневие и ги воодушевува фановите со својот изглед.

Слични содржини