Се дигитализира картотеката на Институтот за македонски јазик

од Nikola Popovski

Владата на Република Северна Македонија на 93-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за преземање активности во врска со дигитализацијата на картотеките при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”.

Со ова го задолжи Фондот за иновации и технолошки развој средствата добиени од Министерството за култура во износ од 5.000.000 денари наменски да ги искористи за дигитализацијата на картотеките при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, а согласно објавениот јавен повик.

Слични содржини