Се доделуваат три стипендии за постдипломски студии во Кина во областа на Јавното здравје

Универзитетот Чунхуа во Кина во академската 2021/2022 година, доделува три стипендии за постдипломски студии од областан на јавностот здравје, поточно Internacional Master of Public Health Program -IMPH.

Целите на мастер програмата според објавата на Министерството за образование и наука се: Развивање на способноста на студентите за примена на теориите и аналитичките алатки на јавната здравствена дисциплина во нивната работа, унапредување на разбирањето на студентите за јавните здравствени проблеми во НР Кина и земјите во развој, подобрување на способноста на студентите да преземат поголеми лидерски улоги во решавањето на јавните здравствени проблеми, промовирање на соработката во Кина со други земји преку градење мрежа на соработка помеѓу универзитетите за глобални прашања од јавното здравство .

Инаку оваа програма е насочена кон креирањето на нова генерација лидери во јавното здравство во земјите во развој. Стипендијата ги покрива патните трошоци, сместувањето и школарината за академската 2021-2022 година.

Исто така, како што посочуваат, рокот за онлајн-пријавување на оваа мастер-програма е крајот на март 2021 година. Програмата е на англиски јазик. Повеќе информации се достапни на веб-страницата: htpp://gradadmission.tsinghua.edu.cn/f/login

Сите кандидати кои ќе се пријават онлајн за стипендии треба да достават копија од пријавниот лист во архивата на Министерството за образование и наука.

„Универзитетот Чинхуа е најпрестижниот, прворангиран универзитет во НР Кина и рангиран на 43-то место во светот во 2019 година, според Шангајската листа на универзитети. Најпознат алумни на овој универзитет е сегашниот кинески претседател Си Џинпинг, како и поранешниот претседател, Ху Ѕинтао“, информираат од Министерството за образование и наука.

Слични содржини