Се фотографира гола секогаш кога ќе победи Лацио

Ана Фаличи е 47-годишната италијанска манекенка со фински корени која жестоко навива за Лацио. Ана одамна ветила дека секоја победа на клубот ќе ја прослави така што ќе објави голи фотографии, а ветувањата и тоа како ги држи.

Откако во неделата Лацио го доби мечот со Парма, фаталната Ана уште еднаш ги исполнила своите ветувања и на Инстаграм објави полугола фотографија со која ги израдува навивачите на клубот.

„Тишина, зборува Лацио“, напишала таа со фотографијата на која позира во црн чипкаст градник.

Со тоа, им прати порака на сите оние кои заслугите за последната победа на Лацио ја препишале на помошниот судија.

Ана во последно време е доста активна бидејќи на Лацио добро му оди, а нејзините скоро 400 илјади следачи на Инстаграм се надеваат дека клубот ќе ја продолжи среќната низа…

Слични содржини