Се гледаме на суд – ниту еден пациент не бил измамен, велат од „Жан Митрев“ за поднесеното обвинение

од Nikola Popovski

Се гледаме на суд е нашиот одговор на денешната одлука на Основното јавно обвинителство да се гони д-р Жан Митрев за измама, велат од клиниката „Жан Митрев“ после поднесеното обвинение од ОЈО.

Според нив, „оваа лакрдија од неосновани напади на суд ќе мора да се докаже, а ќе биде тешко да се докаже бидејќи вистината е дека ниту еден пациент не бил измамен и сите третмани и процеси во болницата биле јавни и транспарентни и во интерес на пациентите“.

-Со тоа на суд ќе падне и самото обвинение на ОЈО.  Повторуваме дека Клиниката и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот. Со ова ќе ја докажеме вистината и фактичката состојба, за нашата работа дека се што беше направено во Клиниката Жан Митрев, беше направено за пациентите и според дозволени методи и стандарди на лекување. 

 Ние како клиника, во текот на целиот овој процес целосно соработувавме со институциите и ги отстапивме сите наши материјални и човечки капацитети со цел вистината да излезе во јавност и транспарентно да се докаже дека наша цел и функција отсекогаш била да лечиме и да им дадеме најдобра медицинска нега на пациентите. Така и ќе остане во иднина, порачаа од приватната клиника.

Според обвинителниот акт, се работи за кривично дело “Измама”, за што е предвидена казна затвор од 1 до 10 години.

-Тоа е слично на хемодијализа. Од самото основање ја користиме хемофилтрација, а овој нов начин е 2008-ма, а новиот филтер е од 2013 што вади некои имунолошки активности. Пациент кога ќе западне во форма на болеста каде откажуваат бубрезите и срцето се оптеретува, ако не го ставите на таква процедура, пациентот секако ќе почине. Ние не лекувавме КОВИД, туку состојба предизвикана од вирусот, рече вчера директорот на Клиниката, Жан Митрев во гостување на дебатна емисија.

Слични содржини