Се гледаме за четири години: Трамп повторно ќе се кандидира на следните избори?

од Stefanija Kuzmanovska

Според агенцијата АП, претседателот на САД, Доналд Трамп, најави можна нова кандидатура за 2024 година.

„Поминаа неверојатни четири години“, им рече Трамп на насобраните на празничниот прием во Белата куќа.

„Се обидуваме да имаме уште четири години. Во спротивно, се гледаме за четири години“, порача Трамп.

Снимка од обраќањето на Трамп беше објавена во живо на Фејсбук од еден од гостите. Видеото покажува десетици собрани во салата на Белата куќа.

Многу од нив не носеле заштитни маски, со што се прекршиле упатствата на американската влада издадени во врска со епидемијата на Ковид-19.

Слични содржини