Се грижиме за граѓаните – просечната пензија се зголемува на 19.150 денари, порачаа од СДСМ

од Nikola Popovski

СДСМ со успешни, навремени и ефикасни економски политики го уапредува и заштитува стандарот на граѓаните. Од 2017, кога минималната плата изнесуваше 8.900 денари, а во некои сектори и само 6.000 денари, нема година во која не е зголемена. Сите 330.000 пензионери во државата овој месец добиваат историско покачување на пензиите од 8,4 проценти, со што просечната пензија се зголемува од 17.666 на 19.150 денари, истакнаа утрово од владеачката партија преку соопштение.

Од СДСМ додаваат дека за пензионерите следува ново усогласување на пензиите наесен.

-Кога беше ВМРО-ДПМНЕ на власт беа потребни 4 и пол минимални плати за просечна потрошувачка кошничка, сега се потребни 2,2 минимални плати за една потрошувачка кошничка. За шест години имаме двојно зголемување на стандардот на работниците кои што работат за минимална плата. Додека ВМРО-ДПМНЕ работниците ги сметаше за евтина работна сила, СДСМ го почитува нивното достоинство, ги зголемува платите, го унапредува животниот стандард, порачаа од владеачката партија.

Слични содржини