„Се гушиме од чадот, ова е кошмар“: Грција гори, луѓето со чамци бегаат од огнот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Пожар беснее на грчкиот остров Евија, па населението од околните села морало да бега со помош на чамци.

Пожарот брзо се проширил и голем број куќи на тој остров биле уништени. Пожар им се заканува и на предградијата на Атина.

Грција нареди нова евакуација на населението на селата во северниот дел на островот Евија, опкружени со големи пожари. Тројца пожарникари беа повредени од вторникот.

Според најновата наредба, жителите и туристите во Кулурос, Марули, Ровис и Палајохори мора да ги напуштат своите домови како мерка на претпазливост на вториот по големина грчки остров.

Пожарникари, противпожарни авиони, општински екипи и волонтери се обидуваат да го локализираат пожарот што започна во вторникот во шумата во близина на селото Лимни и се чинеше дека има подобрување во гаснењето на пожарот, се додека промената на правецот на ветерот повторно го запали огнот и не се прошири во различни насоки.

Ситуацијата е особено опасна во областа Дримонас, каде група монаси не сакаат да го напуштат манастирот Свети Давид, иако објектот е опкружен со пожар.

„Ситуацијата е многу тешка. Пламените јазици се високи 30 до 40 метри во борова шума, пожарот го опколи манастирот. Се гушиме од чадот, ова е кошмар“, рекол старешината на манастирот за државната новинска агенција АНА-МПА.

Слични содржини