Се испитуваат вработените, посетите во ковид болниците се казниви, вели Нуредини

од Берта Китинска

Координаторот на ковид центарот во Тетово д-р Гзим Нуредини денеска информираше  дека денеска се распрашуваат вработените дали имале свои роднини кои биле пациенти во модуларната болница и дали им биле во посета во работно време или надвор од работното време.

-Посетите во ковид болниците се казниви. Испративме известувања до раководители на одделенија дека не се дозволува посета. Има и вработени кои се роднини на пациенти, бараме кои биле, ако се тие, дали се вработени во ковид центарот, дали биле во работно време на посета или потоа. Дали биле членови на семејства на пациентите или биле други лица, оти сите кои се затекнаа во близина во време на пожарот трчаа да помогнат, вели Нуредини.

 

Слични содржини