Се извлекуваат телата на жртвите од авионската несреќа на Камчатка (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Спасувачките екипи денеска пронајдоа тела на девет жртви на рускиот Далечен исток по падот на авионот Ан-26.

„Во акцијата за пронаоѓање на жртвите во вчерашната авионска несреќа досега се лоцирани телата на девет жртви“, потврди денеска за ТАСС извор од рускиот сектор за вонредни ситуации.

Спасувачките екипи вчера откриле делови од исчезнатиот авион Ан-26 на Камчатка, потврди руската државна агенција за воздушен сообраќај „Росавијација“, а според досега достапните податоци, нема преживеани во оваа несреќа.

Се наведува дека остатоците од авионот во кој имало 28 лица биле пронајдени на четири до пет километри од пистата во Палана, а потрагата е отежната поради тешкиот терен.

Рускиот авион Ан-26 исчезна од радарот за време на подготовките за слетување во Палана.

Слични содржини