Се качува цената на горивата од полноќ

од Nikola Popovski

Цените на горивата повторно одат нагоре, па така бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар.

„Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 денари по литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 денари по литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 62,00 денари по литар“, соопштија од РКЕ и додаваат дека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 денари по литар.

Претходно горивата Еуросупер БС95 и Еуросупер БС98 се продава по цена од 68,5 односно 70,5 денари по литар, а цената на дизелот е 61.5 денари за литар.

Одлука за новите цени на горивата ќе важи од полноќ.

Слични содржини